Atrium RZ F1

  • Тип на цвет: бел
  • Вегетација: 75-80 дена во лето и 80-90 дена во есен.
  • Време на садење: Од средина на април до средина на јули
  • Склоп: 32000-45000 растенија на хектар
  • Се карактеризира со силна лисна маса
  • Одлично ја затвара цветната глава која е со просечна тежина од 1-2,3 килограми

 

Attiya RZ F1

Индетерминантен “beef” хибрид

Извонредна сорта и плод со врвен квалитет

Плодовите се сјајни црвени, цврсти, благо сплоснати

Не се осетливи на пукање

Просечна тежина на плод: 220-250гр

Растението е избалансирано, со отворен хабитус и средни интернодии

Генеративно растение што значи му треба повеќе вегетативна исхрана за разлика од просечните хибриди

Ран хибрид, отпорен на TSWV(Tomato spotted wilt virus) вирус на пегаво венење, како и отпорност на нематоди, што обезбедува сигурност во постигање висок принос

Attiya RZ ја препорачуваме за пролетно и есенско производство

Balcanica RZ F1

Ја препорачуваме за одгледување на отворено и во заштитени простори

Плодовите се за свежа потрошувачка и за преработка

Растението е силно, компактно со многу листови

Поради силниот коренов систем растенијата се избалансирани и имаат енергичен раст

Плодовите се мазни,со должина: 18-22 см и дијаметар 6-7 см

Плодовите се црвени со многу пријатен вкус

Склоп: 45000-50000 растенија на хектар

Beaver RZ F1

Нов, ран хибрид, со вегетациски период од 40-45 дена
Лисјата брзо се развиваат
Листовите се големи, мазни, дебелите со одличен квалитет и имаат интензивна зелена боја
Се препорачува за есенско, зимско и пролетно одгледување.

Belcourt RZ F1

Вегетација: 80-90 дена

Средно јако растение, надворешните листови исправени, внатрешните широки и обезбедувааат добра покриеност на цветната глава.

Отпорна на високи температури

Цветната глава бела, компактна

Просечна тежина: 1,8-2,5 кг

Се препорачува за на отворено од втората декада на мај па се до првата половина на август

За свежа конзумација и индустриска преработка

Склоп: 23000-33000 растенија на хектар

 

Betty RZ F1

  • Врвна нова селекција наменета за свежа потрошувачка
  • Коренот е округол со правилен облик
  • Лисната маса отпорна на болести
  • Вегетација: 80-85 дена од никнење
  • Висока содржина на сува материја, погоден за складирање
  • Има висока родност
  • Во зависност од намената склопот е од 300000-700000 семки на хектар

Caman RZ F1

  • Тип: Салатар
  • Партенокарпен со силни бочни ластари
  • Екстремно роден хибрид
  • Плодовите се издолжени и темни со должина 18-20см
  • Растението е вигорно
  • Се препорачува за целата сезона, на отворено и во заштитен простор