Cordoba RZ F1
Партенокарпна (самооплодувачка) краставица за одгледување во заштитени простори
Плодовите долги 33-36 см, темно зелени,малку ребрести, со мало јадро, крцкави, со добар вкус
Рана и високоприносна сорта
Отпорна е на пепелница
Diamantinas RZ
Крупна сорта, затворен тип
Главиците се правилни, надворешните листови се со сјајна зелена боја
Одлична за преработка
Може да остане во поле подолг период и да ја задржи свежината
Дава доста стабилно производство
Ја препорачуваме за пролет и есен
Dinamica RZ F1
Растението е силно, компактно со јака лисна маса која ги штити плодовите од изгореници
Растенијата се избалансирани и имаат енергичен раст благодарение на јакиот коренов систем
Има добра толеранција на стресни услови, и даваат висок принос
Ја препорачуваме за одгледување на отворено како и за во заштитени простори
Плодовите се за свежа конзумација и преработка
Плодовите се мазни со конусна форма, месести, должина: 17-25 см и дијаметар 6-7 см
Бојата на плодовите е темно црвена
Во однос на другите хибриди и локални сорти Dinamica RZ е побрза
Плодовите не формираат микропукнатини
Одлично поднесуваат транспорт
Склоп: 45000-50000 растенија на хектар
Dolphin RZ F1
Ран хибрид, со вегетациски период од 40-45 дена
Растенијата добро растат и се регенерираат и во услови на слаба осветленост.Лисјата брзо се развиваат
Листовите се големи, здрави и дебели, имаат издолжена овална форма и се интензивно зелени.
Се користи за свежа потрошувачка и индустриска преработка.
Препорачуваме одгледување во заштитени простори и на отворено поле, во пролет, лето, есен и зима.
Esmira RZ F1
Esmira RZ е првиот розов домат на Rijk Zwaan.
Се карактеризира со големи, изедначени плодови
Просечна тежина на плод: 200-250 гр
Има извонреден вкус и способност долго да ја задржува цврстината
Компактно растение со среден раст
Ран хибрид кој е погоден за пролетно производство
Fisichella RZ
Нова сорта на путерка отпорна на процветување
Главиците се крупни, добро исполнети со листови, компактни и тешки
Отпорна на болести и сончеви опекотини
Листовите се жолтеникаво зелени
Препорачан склоп: 35×35
Gintama RZ F1
- Вегетација: 90-120 дена
- Формира благо сплоснати глависи за свежа потрошувачка и за киселење
- Просечна тежина на главицата по 95 дена 1,5-2,5 кг, или 4-4,5 кг ако остане на поле 120 дена
- Стабилен хибрид, не пука
- Отпорна на фузариум и трипс
- Време на садење: од средина на април од средина на јули
- Препорачан склоп: 35000-45000 растенија на хектар