Jucar RZ F1

  • Галија тип
  • Просечна маса на плод: 1,5-2 кг
  • Рана сорта
  • Плодот овален, мрежеста покожица
  • Месото е зелено, ароматично и слатко
  • Семената ложа е редуцирана
  • Долго време останува свежа на поле
  • Одлично поднесува транспорт
  • Може да се одгледува во пластеници и на отворено
  • Склоп: 9000 растенија на хектар

Judita RZ

Нова сорта за одгледување во заштитени простори

Формира атрактивна главица од мазни листови со светло зелена боја

Тежината на главицата е од 550-700 гр

Се карактеризира со брз развој во зимски услови при низок интензитет на осветлување

Ја препорачуваме за сеидба од септември па се до јануари

Karaoke RZ F1

  • Крупнобрадавичест партенокарпен хибрид за свежа потрошувачка и преработка
  • Средно бујно растение со листови кои не се осетливи на пламеница и извонредна регенерација
  • Плодовите униформни, темно зелени, изедначени со тенка покожица
  • Формира 1,5-2 по нодус и со тоа обезбедува висок принос
  • Должина/ширина: 3,1:1
  • Се одгледува директно на земја и во заштитен простор

Karpatos RZ F1

  • Галија тип
  • Рана сорта
  • Плодовите тркалезни, идентични
  • Просечна тежина на плодот: 1,8-2 кг
  • Кората ја менува бојата од светло жолта во темно жолта кога плодот е зрел
  • Месоте е светло жолто, зелено, многу вкусно, слатко и ароматично
  • Кората не е подложна на инфекции од почвата
  • Се препорачува одгледување на отворено, како и во заштитени простори
  • Склоп: 9000 растенија на хектар

Kibrya RZ F1

  • Високоприносен, крупнобрадавичест, партенокарпен хибрид за професионалци
  • Бојата на плодот е темнозелена
  • Формира 2-3 плода по нодус кои растат изедначено
  • Плодот е цилиндричен со средно изразени брадавици(боцки),не формира шуплини и задржува висок квалитет при стресни услови
  • Должина/ширина: 3,1:1
  • Одличен квалитет свежа потрошувачка, преработка и ферментација
  • Високоприносен хибрид
  • Хабитусот му е отворен што овозможува полесна берба, подобра апликација на пестициди и нивна висока ефикасност
  • Се препорачува за одгледување на отворено и во заштитен простор

Larsson RZ F1

  • Нашиот најнов хибрид наменет за свежа конзумација и индустриска преработка.
  • Се карактеризира со цврста темно зелена цветна глава.
  • Вегетација: 80-85 дена
  • Долго може да се чува на поле
  • Силно растение со јак коренов систем
  • Има исправени листови и поднесува густ склоп
  • Лисната превлака помага во борба против многу болести
  • Идеален за есенска берба, последен термин за расадување 25 јули
  • Препорачан склоп: 35000-40000 растенија на хектар

Lusitana RZ F1

  • Екстра ран хибрид, тип Crimson sweet
  • Се карактеризира со висок производен потенцијал
  • Јака лисна маса која добро ги покрива плодовите
  • Врзува во просек од 4-6 плода по растение
  • Плодот голем, тркалезно овален
  • Кората темно зелена, пругаста и тенка
  • Одличен внатрешен квалитет, пулпата е сочна, темно црвена
  • Тежината на плодот се движи од 8-10 кг
  • Се препорачува одгледување на отворено како и во тунели
  • Отпорен на фузариум
  • Склоп: 5000-6000 растенија на хектар

 

Mahitos RZ F1

Индетерминантен “beef” хибрид.

Mahitos RZ е една од нашите најуспешни сорти

Високо приносно растение во комбинација со висококвалитетни плодови и голема отпорност

Отпорен на екстремни временски услови,

Има добо оплодување

Растение со отворен хабитус, со средни интернодии

Плодовите се цврсти, округли, со изедначена боја

Порсечна тежина: 250 гр

Отпорна на венење и почвени болести

Mahitos RZ ви го препорачуваме за пролетно производство, за краток и долг циклус.

Одговара и за есенско производство